Американскиот претседател Доналд Трамп на митинг синоќа на Флорида, ја оцени работата на телевизискиот канал „Си-Ен-Ен“ како „срам“ и предложи да се создаде нов медиум кој ќе пренесува реални новости за земјата.

-Знаете, надвор од САД „Си-Ен-Ен“ е многу поважен медиум отколку во самата земја. И многу од тоа што се гледа овде се емитува низ целиот свет, изјави Трамп.

Според него, често му се обраќале светски лидери со прашање „зошто Си-Ен-Ен толку ја мрази твојата земја“. Претседателот е убеден дека треба да се создаде нов медиум, сличен на „Радио Слободна Европа“ или „Гласот на Америка“, кој би пренесувал коректна информација за САД во странство.

-Треба да им се пушти наша (ТВ) мрежа и да се објавуваат реални вести, бидејќи тие („Си-Ен-Ен“) се толку лоши, потенцира американскиот претседател.

Како што е веќе познато, уште откако беше избран за претседател, Трамп е во конфронтација со повеќе американски медиуми како „Си-Ен-Ен“, кои, според него, водат „лов на вештерки“, „работат за демократите“, пренесуваат „лажни вести“ и се „непријатели на народот“.

Последните негови коментари беа за весниците како „Њујорк тајмс и „Вашингтон пост“, кои интензивно ги покриваат случувањата околу спорниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски во јули, по што Конгресот започна истрага за импичмент на претседатлот.

Тие весници, како и „Си-Ен-Ен“, тој ги нарече „корумпирани“.

МИА