Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше телефонски со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Трамп изјави дека Ердоган му рекол дека имало „помалку“ снајперски и минофрлачки оган во североисточна Сирија, и покрај прекинот на огнот, но дека тоа брзо завршило.
– Ердоган многу сака прекинот на огнот или паузата да функционира, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека курдските борци во тоа подрачје, исто така, сакаат прекинот на огнот да функционира.