„Тргнувам за Хелсинки, Финска, со нетрпение го очекувам состанокот со претседателот Путин утре.

За жал, што и да направам на самитот, дури и да ми ја предадат Москва во замена за сите гревови и зла што Русија ги направила во текот на многу години, по враќањето ќе бидам дочекам со критика дека тоа е недоволно и дека требало да го добијам и Санкт Петербург“, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер.

Во следниот твит во врска со ова, додаде и дека „повеќето од нашите медиуми се навистина непријатели на луѓето…“

Трамп не пропушти и да им ја честита победата на Французите на СП во Русија во фудбал, истовремено упатувајќи честитки и до Путин за организацијата ан „едно од најдобрите СП било кога одржано“.