Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во западниот дел на Пелопонез, додека земјата три дена се бори со огнената стихија.

Температурите од над 40 Целзиусови степени и силниот ветер во различни делови на земјата во последните денови предизвикаа повеќе од 150 пожари, заедно со пожарите во Турција и другите делови на Медитеранот.

Од вторникот на островот Евбоја, во неспоредна близина на Атина, се евакуирани неколку села. Околу 85 лица успеале да се качат на чамец од плажата, додека борови дрва гореле и облаци од чад се кревале високо во воздухот.

Властите вчера евакуираа повеќе лица од Евбоја, откакло предупредувањето за поќарот пристигнало од црковните камбанарии. Повеќе од 170 пожарникари и шест авиони го гаснат пожарот во оваа област.

Две села во регионот на Пелопонез завчера беа евакуирани, бидејќи во близина на археолошкиот локалитет на античките Олимписки игри беснее пожар.

-По борбата со пожарот во текот на целата ноќ, се чини, пожарникарите успеаја да го спасат овој локалитет, а античкото богатство е надвор од опасност, изјави министерката за култура Лина Мендони за телевизијата АНТ1.

Оваа локација, од која олимпискиот пламен го почнува своето патување до градот домаќин на модерните Олимписки игри, е една од најпопуларните грчки туристички атракции. на истово место пожар му се закани и во 2007 година.