Вереницата го исфрлила од куќата легендарниот фудбалер Диего Марадона. По жолчна расправија тој се најде на улица.

Марадона и Росио Олива претходно објавија дека ќе се венчаат, а потоа русокосата Аргентинка изненади кога во едно шоу рече дека се гледа како „синг“ девојка.

– Неколку дена ечеше околината од нивните расправии, и на крајот, Росио го исфрли на улица. Иронијата е дека тој е сопственик на станот во кој таа живее, и од кој го исфрли, изјави изворот близок до парот.

Диего и подари на Росио дијамантски прстен во текот на летото, на денот кога таа го прослави својот 28-ти роденден, а претходно четири години беа во врска. Поранешниот фудбалер е постар од неа 30 години.