Правата на Бугарите во … Македонија не можат да трпат одложување. Сега имаме историска можност да се бориме за нашите браќа. Ова е нашиот безусловен бугарски долг, вака напишал лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, шоуменот Слави Трифонов.

Според него, „кревањето на бугарското вето, пред влегувањето на Бугарите во Уставот на … Македонија, е одложување на решавањето на проблемот со човековите права на Бугарите“.

Тој на својот профил на Фејсбук цитирал дел од зборовите на Петар Колев, првиот човек на Граѓанско-демократската унија и еден од најактивните поборници за правата на Бугарите во Македонија, кој гостувал на една бугарска емисија.

„Во последниот период неколку пати беа палени бугарски симболи, а беа нападнати и пробугарски активисти во … Македонија. Овој случај во Битола не е случаен. Ова е јасен тренд. Бугарскиот народ никогаш нема да не предаде нас Бугарите во Македонија. И кој ќе се обиде да го направи ова, ќе се соочи со бугарскиот народ,“, изјавил меѓу другото Колев, напишал Трифонов.