Троцифрен е бројот на новозаразени од коронавирус, како и бројот на казнети лица за неносење маски.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија санкционирани се 647 граѓани за неносење заштита на лице – маска, информираат од МВР.

Со тоа по овој основ од почетокот на неделата досега се изречени повеќе од 2.500 казни или околу една казна на 1.000 жители.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19.

Казната за неносње маска за физички лица е 20 евра во денарска противвредност.