Големо загадување на воздухот измерено е  во Гази Баба во 12 часот.

Имено, станиците за мерење на квалитетот на воздухот покажуваат дека во концентрацијата на ПМ 10 честичките била 485 мг/м3 или речиси десет пати над дозволената граница.

Дозволеното ниво е 50 мг/м3.

Нејасно е што се случува во Гази Баба, бидејќи денеска е недела, кога има помалку автомобили, а среде лето сме, па не треба да ви кажуваме дека како причина отпаѓа и греењето. Зошто тогаш во Гази Баба мора да се биде со заштитна маска?