Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по синоќешниот пораз од Арсенал во 36. коло од англискиот шампионат (0:1), ги процени шансите на неговиот тим да влезе во најдобрите четири.

– Секогаш е тешко. Не си дозволувам да се опуштам ниту една секунда, и ако некој си даде такво право, денес беше последната лекција. Пропуштивме шанса да ја зацврстиме позицијата во оваа борба, но сè е сè уште во наши раце. Настапуваме добро и мора да се справиме со поразот. Не станува збор за распоредот. Имавме три дена да се подготвиме и се наоѓаме во добра форма, но денес направив грешка во составот и ја преземам одговорноста за тоа. Секако, немавме среќа, и такви денови се случуваат во фудбалот, но денес сторивме сè за да загубиме, го цитира Тухел прес-службата на клубот од Лондон.

Челзи по 36 натпревари има 64 бода и во моментов е на четвртата позиција на премиерлигашката табела.