Украинската полиција денеска го уапси војникот на Националната гарда кој уби пет лица во воена фабрика пукајќи од службено оружје, а потоа побегна, изјави министерот за надворешни работи Денис Монастирски.

„Артјом Рјабчук штотуку е уапсен од полицијата во регионот Дњепропетровск“, напиша Денис Монастирски на Фејсбук.

Рјабчук отворил оган од автоматска пушка „Калашников“, а потоа побегнал од местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи: „Како резултат на тоа, пет лица загинаа, а уште петмина се повредени“.

Инцидентот се случи рано утрово во фабриката за проектили „Пивденмаш“.

Објектот „Пивденмаш“, поранешен Јужмаш, е државна фабрика за воздухопловство која произведува и тестира материјали поврзани со одбраната, аеронаутиката и земјоделството, според нејзината веб-страница.