УЕФА ги објави цените на билетите за претстојното Европско фудбалско првенство.

Најевтините билети се со цена од 30 евра и се за натпревари во Баку, Букурешт и Будимпешта. Најскапите ќе бидат билетите за финалето во Лондон, кои чинат од 85 до 945 евра.

Првата фаза од продажбата започнува онлајн на 12 јуни и ќе трае точно месец, во кој треба да бидат продадени 1,5 милиони билети.