Времето и утре во Македонија ќе се задржи сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

В сабота ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за пет до шест степени.

Според прогнозите, в сабота максималната температура ќе биде 38, а во недела 34 степени. До среда, темепратурите ќе се движат од 12 степени во утринските часови, до максимални 37 степени.