Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен.
Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
фото: архива




