Унгарскиот премиер Виктор Орбан посвои носорог и побара од јавноста даму помогне во изборот на името.

– Добив посебно барање од Зоолошката градина во Ниреѓхаз да посвојам носорог. Тоа го направив, но посвојувањето оди заедно со кумство така што мораме да му одбереме име, напиша Орбан на Фејбук.

Под пораката постави и видео снимка од носорогот.