Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 – додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 86 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 84 денари за литар.
Исто така, за 1,9 денари се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,3 денари.