Корисниците од објектите на Апелациски суд, Историски архив, Основен суд Скопје и Врховен суд во општина Центар утре од 8:00 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.