Утрово беше регистриран земјотрес во Грција со интензитет од 5.1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Како што јави МИА од Атина, епицентарот бил на 27 километри западно од грчкиот град Кардица во централна Грција.

Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил силен и траел неколку секунди. Многу граѓани излегел на улиците стравувајќи од нов удар.

За сега нема информации за повредени или материјални штети.

Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Грција, но и во Македонија и во Албанија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во југозападна Македонија.

Опсерваторијата соопшти дека епицентарот на земјотресот е во соседна Грција. Земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и е регистриран во 09:12 часот.

(Снимка: Катимерини)