Врз американската Амбасада во Анкара утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење.
Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.
Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор. Турција не сака да го ослободи свештеникот кој е осомничен за шпионажа и обвиненија поврзани со тероризам.
Двете држави воведоа дополнителни царини, а САД санкционираше двајца турски министри. Во меѓувреме, турската лира загуби над 35 отсто од вредноста спрема доларот од почетокот на годината.