Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината во скопската населба Автокоманда.

Како што соопшти МВР, во 03.48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво.

Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот, додека возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од СВР Скопје.