Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје, од каде се издигнуваше висок облак од чад, што ги вознемири граѓаните кои тоа време одат на работа.

Автобусот го гасеа дестина пожаникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.

Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.