Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ги сподели своите очекувања од претстојниот натпревар од 26-тиот круг од шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

– Играме за бодови. Ова е различен натпревар од тој во средата во купот. Ќе биде тешко да се повтори таков резултат на две средби по ред. Сепак, ние ќе се обидеме да победиме, бидејќи тоа Реал ќе биде морален удар и губење на шансите за трофејот, бидејќи тоа е нашиот директен конкурент. Ќе биде тешко. Сфативме колку е тешко да играме овде, но ќе се обидеме, изјави Валверде за шпанските медиуми.

Барселона во средата го совлада Реал во сред Мадрид со 3:0 во реваншот од националниот куп.

Тренерот на каталонскиот клуб одби да говори за евентуална оставка на предводникот на Реал, Солари.

– Не сакам да зборувам за тоа. Не ми се допадна во кој момент беше отпуштен Лопетеги. Не ми се допаѓа кога тоа се случува со моите колеги, изјави Валверде.

„Ел Класико“ с еигра утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ од 20:45 часот. з