Светската виолинистка Ванеса Меј, која го отвори Охридско лето, упати видео порака за хуманост и против насилство врз животните.

– Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата не бараа да бидат овде и заслужуваат најголема љубов и почит. Затоа ве молам заедно со Анима Мунди промовирајте вдомување на бездомни животни бидејќи ја заслужуваат вашата љубов, наместо да промовирате одгледувачи, порачува Меј, во видео пораката споделена од здружението за заштита на животните Анима Мунди.

„Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање на Ванеса Меј, која е веган и борец за правата на животните.