Екипата на Вардар имаа два пати водство, но на крајот одиграа само 2:2 против Шкендија. По ремито во дербито, црвено-црните ја задржаа предноста од осум разлика на табелата.

Скопскиот тим ја заврши есента со 36 бода, односно осум повеќе од Шкендија и со предност ќе го почнат пролетниот дел од сезоната следната година.

Вардар поведе во 20. минута со гол од пенал на Мицевски, но Шкендија израмни преку Омар Имери. Во вториот дел на стартот Адем носи водство од 2:1 за вардарци, но Имери успеа повторно да израмни по акција од левата страна.

За Вардар ова беше последен натпревар годинава. После божиќните празници се почнува со зимските подготовки, а на средината на февруари стартува вториот дел.

Резултати од ПМФЛ:

Силекс – Академја Пандев 3:1
Струга Трим Љум – ФК Борец 1:1
Ренова – Работнички 4:3
Шкупи – Македонија Ѓ.П. 2:3
Вардар – Шкендија 2:2

2019-12-08 17:32:05, од Влатче Зорба