Василис од Лерин, човекот кој пред некој ден со видео од својот дом во Грција повика на масовност на денешниот протест, најавувајќи дека и тој ќе дојде во Скопје (најави и 15 автобуси од Грција, но тоа не делуваше премногу извесно), денеска објави дека е задржан од грчката полиција и дека му е забранет излезот од земјата кон Република Македонија.

Истовремено, порача дека побарал неговото обраќање да биде писмено прочитано на вечерашниот собир.

Еве го и видеото што тој го постираше пред неколку дена:

Gepostet von Vasilis Makedonski am Donnerstag, 15. November 2018