Расипничката и криминална власт на СДСМ за своите лични удобства, за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра пари на граѓаните, а за наводниот „стратешки приоритет“, борбата со загадувањето ќе потроши само 1,5 милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Одродената и криминална власт на аболицираниот Заев ќе потроши 3,7 милиони евра за нови возила и 3,3 милиони евра за нов мебел, додека за „стратешки приоритети“ против загадувањето само 1,5 милиони евра. Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните? Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот, прашува најголемата опозициска партија.

Светската здравствена организација, се вели натаму, во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3.000 лица годишно се директна жртва на загадувањето.

– Токму поради оваа причината ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето! Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс. МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците, предлага опозицијата.

Граѓаните, се додава, мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа.

– Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето. Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.