Поранешниот министер за финансии на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел е осуден на шест години затвор поради сексуално злоставување на две момчиња кои пред повеќе од две децении пееле во црковниот хор во катедрала во Мелбурн.

Пел (77), според судската одлука, ќе мора да отслужи минимум три години и осум месеци затворска казна пред да може да поднесе барање за условно ослободување.

– Според мое мислење, вашето однесување било пропратен со запрепастувачка ароганција, рече судијата Питер Кид при изрекувањето на пресудата.

Поранешниот министер за финансии на папата Франциск беше осуден со едногласна одлука на поротата во декември минатата година поради сексуално злоставување на тогаш 13-годишни момчиња, што го извршил кон крајот на 90-тите години, неколку месеци откако станал надбискуп во Мелбурн.