Европа треба да може да се брани со свои сили и да не се потпира на САД. Обединети, мора да бидеме силни за да не му падне на памет (рускиот претседател) Владимир Путин да не нападне. Ова го изјави претседателот на централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП) Манфред Вебер на вториот ден од конгресот на партијата што се одржува во Букурешт.

Според него, Европа е нападната и по Брегзит одредени политичари – претставници на екстремистички партии се обидуваат да ја уништат.

– Оваа Европа секако не е совршена, но е најдобра во нашата историја. ЕПП никогаш нема да соработува со партии кои ги отфрлаат нашите европски вредности, пријатели на Путин и кои не ја поддржуваат Украина. Тие го уништуваат владеењето на правото, рече претседателот на водечката европска политичка групација..

Тој ги нарече Володимир Зеленски, Петро Порошенко и Јулија Тимошенко „гориво“ на Европа во нејзината борба за мир, безбедност и стабилност.

Вебер на почетокот на својот говор објави дека настанот во романската престолнина го следат над 600 новинари од целиот свет.

фото: ЕПА