Вечерва во 18 и 30 часот, во Скопје пред Собранието на Република Македонија, ќе се одржи голем протест на граѓани од цела Македонија, против уставните измени согласно барањата на Грција и Договорот од Преспа.

Протестот е најавен преку социјалните мрежи, а на истиот начин се повикува и на масовно присуство на граѓаните од цела Македонија.

На протестот се очекува голема масовност пред се од скопјани, но и на граѓани од другите градови, посебно што постои и организиран превоз.

Организаторите на протестот со Упатство за Протестантите:
• Движи се во тројка
• Завземи ги сите ќошиња и раскрсници [таму стојат загарите на Хунтата]
• Снимај ги загарите [лесно препознатливи со педерки, моторола и ефтина гардероба, не користат парфем]
• Снимај ги оние кои ќе носат фантомки, алкохол, камења и орудија.
• Користи хаштаг #ПравоНаСамоодбрана за да информираш од протестот.
• Ако има полициско насилство, седни на земја и дигни раце нагоре.