Младиот брачен пар Христина Божиновска и Лазар Ѓиков ја одушевија јавноста со настапот на нивниот најсвечен ден од заедничкиот живот.
Младиот брачен пар, кои имаат проблеми со слухот, свадбениот танц го заменија со специјална изведба на песната „Немир“ од Тоше Проески и Каролина Гочева.
Младенците, како што пишува порталот Фемина, потекнуваат од Битола и од Неготино, и на знаковен јазик го изведоа познатиот македонски дует.