Актуелниот Формула 1 шампионот Макс Верстапен едвај чека да почне новата сезона и да има нови битки со Луис Хамилтон.

На крајот од сезоната 2021 година, возачот на Ред Бул беше пред својот ривал од Мерцедес благодарение на престигнувањето во последниот круг од последната трка.

– Мислам дека целосно ја заслужувам титулата. Можеби некои луѓе го гледаа само последното Гран При и мислат дека имав среќа. Но, во нормални услови, требаше многу порано да ја освојам титулата. Двапати изгубив многу поени незаслужено. Го разбирам разочарувањето на Луис Хамилтон. Ова е е ако се гледа како се одвиваа работите во Абу Даби. Но, како што реков, треба да ја земете предвид целата сезона. Титулата не се освојува во една трка. Ние сме тркачи и со нетрпение ја очекуваме следната битка, истакна Верстапен.

Новиот шампионат во Формула 1 ќе почна на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.