Резултатите од првиот круг на претседателските избори за власта се јасна порака од граѓаните за незадоволство од нејзината работа и причина за промени по завршувањето на вториот изборен круг.

Според премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со изборните резултати на нивниот кандидат Стево Пендаровски граѓаните упатиле порака за незадоволство од функционерите најавувајќи дека ќе следи „чистка“.

– Пораката е дека има незадоволство од функционери, од централната, од локалната власт. Им возвраќам, ќе има чистка, секако дека ќе има чистка. После изборите ќе се случат промените. Редот е да ја испратам мојата порака до тие што останаа дома, државата ни е во прашање. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата поради локалната или централната власт, порача Заев на синоќешниот митинг во општина Карпош.

Во врска со чистката на Заев, од артистот Драган Спасов Дац, на премиерот на митинг во Скопје вчера симболично му беше подарена метла и лопатче.