Вицепремиерот Артан Груби објави „уште една успешно завршена задача“ на Владата на Република Македонија која донела одлука албанскиот јазик да се најде и на полициските униформи.

– Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, објави Груби на својот официјален профил на Фејсбук.