Животот на граѓаните им е како песна, би помислил секој што ќе го отвори профилот на првиот вицепремиер на македонската Влада, Артан Груби на Фесбук.

Тој секојдневно ги решава „проблемите“ на граѓаните кои имаат проблеми со недостиг од музика и концерти.

Груби и денеска, како рекламна агенција, најавува пеачи за коцертот на 13 август на скопскиот плоштад Скендербег, а по повод 21-гдишнината од Охридскиот договор.

Денеска на „репертоарот“ на првиот вицепремиер, на официјалниот профил на Фејсбук е пејачката Нора Истреф.

Еве ја целата објава, со можност за грешки на автоматскиот преведувач од албански на македонси јазик:

МИР ФЕСТИВАЛ

Првото издание оваа година ја носи Нора Истреф заедно со Луми Б, Кида и Ермал Фејзулах.

📆 Сабота, 13 август 2022

📍 Плоштад Скендербе Скопје

⏰ 21:00

21 годишнина од Охридскиот мировен договор