Американската новинарка Лаура Логан, наспроти тн. мејнстрим медиуми, објави една поинаква приказна за руско-украинскиот конфликт, со која потврдува дека вистината е прва жртва во војните.

Логан со нејзиното гледање му зададе силен удар на „објективното и непристрастно информирање“ на западните медиуми и тие кои ги користат. Логан во живо изјави: Лажеме за Украина во епски размери.

– Има толку многу дезинформации за Украина што никогаш не сме виделе такво нешто, се лажеме во епски размери, вели американската новинарка Логан, која известувала за војни 35 години, на ТВ каналот „Вистински американски глас“.

Таа вели дека однесувањето на американските медиуми бил според системот „Путин мора да се мрази, а Украина мора да се сака“.

Таа поопширно објаснува и за другиот дел од вистината за војната во Украина.

Нејзиното десет минутно видување за Украина може да се погледне и во прилогот од видеото кое може да го отворите ТУКА.