Пратеникот Антонио Милошоски денеска од говорницата во Собрание пушти „бомба“ за бившиот премиер Зоран Заев, што ја добил од укажувач, а во која се спомнува З.З. кој зборува за финансирањето на 1 ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13.

Транскрипт од аудиоматеријалот:

 З.З.: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата? Ми вика: имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за старечките домови, ако знаеш.

З.З.: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година.

Министерката Дескоска го повика Милошоски да поднесе пријава во Јавното обвинителство.

Инаку, денеска законот за ЈО беше усвоен и на законодавно правната комисија. Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби најави дека по интервенците во текстот, ДУИ ќе даде подршка.

Законот ќе се стави на пленарна седница оној момент кога ќе се обезбедат 80 пратеници. Засега неизвесни се гласовите на пратениците од Алијанса на Албанците, Беса и Елизабета Канческа Милеска.

https://www.youtube.com/watch?v=kYdY-INYJn4&feature=emb_logo