Деновиве во Бугарија е емитувана ТВ емисија за поетот Никола Јонков Вапцаров, во која се објавени сведоштва за поетот и од него самиот, како и неговиот брат Борис Вапцаров.

Во емисијата, како што е објавено, се разговара за тема која стана актуелна по отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград.

– Дали Никола Вапцаров е Македонец? Заедно со културологот д-р Тони Николов читаме што напишал самиот поет – во стих и проза. Потсетуваме и факти поврзани со улогата на неговиот брат Борис Вапцаров, во македонизацијата на Пиринско по 1944 година, гласи најавата на емисијата.

Видеото во кое се говори на бугарски јазик може да го отворите ТУКА.

(Подготвил: Д.Г.)