По бруталната црна кампања која власта ја води против Данела Арсовска, претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија (EPP), Дорис Пак ѝ даде отворена поддршка.
Таа вели „потребна е жена градоначалник за Скопје“.
-Скопје конечно заслужува да добие жена градоначалник, професионалец и докажан менаџер, кој ќе биде биде во служба на сите граѓани – Данела Арсовска. Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела може да направи промени за подобро и модерно Скопје, потенцира Дорис Пак.