Според стандардите за производство на автобуси, сите што се произведени по 2018 година, особено од марката „мерцедес“, каков што беше изгорениот автобусот на Беса транс, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација, тврди Себахтин Исмаил демонстрирајќи видео приказ на ист таков автобус.
Исмаил, кој е превозник во Бугарија, поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ и за бугарски портал објаснува дека такво возило, како автобусот на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.
Исмаил вели дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи и системи против пожари.
– Овој автобус тешко може да се запали. При инцидент дизајнираната инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези предвидени за опасност. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи, тврди Исмаил.
Тој за порталот кој го правеше приказот за сигурноста на овој тип авотбуси ја покажа вградената противпоажрна инсталација во моторот, сигурносните излези на таванот во автобусот, камерите и системот за следење во возилото, црната кутија во која се се регистрира, за сателитско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.
– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време, категоричен е Исмаил.
Видеото кое е на бугарски јазик може да го погледнете ТУКА.