Чиракот на Заев, Венко Филипче на синоќешното гостување во „Само интервју” на Канал 5, сакајќи да го омаловажи образованието во државата и да посочи дека нашите студенти се многу послаби од странските – призна дека неговите ученици, патем идни доктори, имаат катастрофално знаење, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму со ова Филипче потврди една теза, а тоа е дека тој како професор нема знаење на материјата што ја предава па затоа и студентите не можат да научат ништо од него.

Се надеваме дека со новите измени во Законот за високо образование, Филипче ќе го зачува статусот на професор, бидејќи не загрижува професор на медицински факултет да има страв неговите колеги да не лекуваат утре ден, а притоа знаењето Венко Филипче не е способен да им го пренесе – од кои причини не знаеме.

Дополнително, не плаши можноста дека Филипче на студентите можеби им предава за тоа како да направат провизии од вакцини, како да се местат тендери за блиски фирми до него, или пак за тоа како да се градат модуларни болници без минимум технички спецификации.

За разлика од него, професорот Мицкоски има добивано награди за најомилен професор меѓу студентите и еден од најпочитуваните во својата професија.

Во продолжеток, видеото со признанието на Филипче.