Ние ако не го залуламе тој чамец на клиентелизмот за да не знае што го снашло, никогаш нема да успееме да одиме напред. Нашата одговорност е многу поголема од одговорноста на (Никола) Груевски, изјави вицепремиерот во оставка Никола Димитров за ТВ Алсат.

-Резот не го направивме, грешка таму, па добар потег… приказната е шарена, рече Димитров.

И тој, како што досега видовме и мнозина други од шарено-ослободителната борба или тн. шарена револуција ги фрлија „шарените пушки“ и „излегуваат во комити“.

Но, повеќето од нив не се задоволуваат со статусот „комита“, тие се навикнати да седат на „војводски“ фотелји.

Целата изјава од Димитров, што тој ја објави на неговиот профил на Фејсбук, може да ја видите и чуете ТУКА.

(Д.Г.)