Хрватскиот имунолог и молекуларен биолог, д-р Среќко Сладољев за моменталната состојба околу коронавирусот, за бројот на заболени и починати, за ноцебо ефектот вели: Ова е производство на страв!
– Тоа е „антимедицина“, тоа е медицина на стравот и тоа едноставно ги влошува очекувањата од таа болест, а човек од ноцебо може да умре. Во научно списание е објавено дека човек починал од тумор затоа што му рекле дека има тумор, а кога го оперирале виделе дека тумор нема, но човекот умрел од страв. Тоа е ноцебо, вели Сладољев.
Ноцебо ефектот (спротивно од плацебо) е способност на негативно верување и очекување да предизвика штета, т.е. негативен ефект во организмот. Додека кај плацебо ефектот се постигнуваат позитивни резултати, кој нормално не би требало да има било каков ефект (пример: пилула од шеќер), со ноцебо ефектот кај пациентот се постигнува обратен резултат во здравствен поглед, во состојба на очекување на најлошото. Тоа што го очекува пациентот, за жал, најчесто и го добива.
А очекува, тоа што за жал, во овој случај е за очекување со програмиран пат со помош на медиумите, објавува хрватскиот портал „Трансформација свијести“.