Медиумите синоќа ја објавија веста дека од денеска е забрането повеќе од три лица да се возат во автомобил, што беше соопштена од дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Таа вест денеска ја демантира министерот Наќе Чулев, односно дека таква мерка не постои.

– Во однос на пласираните информации во јавноста кои се однесуваат на ограничувањето на групирање на граѓаните во возила и употреба на заштитна опрема ги информирам граѓаните дека не е донесена ваква препорака или одлука, но апелирам до нив да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање и носење заштитна опрема со цел заштита на своето здравје и здравјето на своето најблиски, изјави министерот Наќев.

Но, медиумите веќе ја раширија. Во видеото погледнете како тие реагираат. Патем ова е школски пример за тоа кој креира лажни вести во Македонија и како тие се шират преку медиумите.

Осмислено или не, глупавите послушници на илегалнава влада од Телма шират фејк њуз и сеат страв и паника меѓу народот.

Осмислено или не, глупавите послушници на илегалнава влада од Телма шират фејк њуз и сеат страв и паника меѓу народот. Човек ќе помисли свесно го прават тоа. Таа вест Чулев јавно ја демантира. Еве уште еднаш јавно се повикуваме на СДС, ВМРО ДПМНЕ, ОЈО, Цивил Медиа, Македонски Млади Правници и др сакаме да ја пријавиме Телма за ширење на фејк њуз! Има ли некој кој ќе реагира?

Gepostet von Налет да се сторите am Donnerstag, 9. April 2020