Синоќа Македонци во Скопје пееја за Северна, а во исто време во Воден, во Егејска Македонија, Македонците пееја дека името македонско секогаш ќе го носат. Разликата е во тоа што организацијата на пропагандната манифестација во Скопје е на Владата на СДСМ, а во Воден Македонците тоа сами си го организираат.

Манифестацијата во Скопје и во уште 14 други градови во Македонија доживеа целосно фијаско. Народот не се одзва на подарените песни и пејачи.

Во Воден имаше повеќе Македонци на нивната прослава отколку што имаше публика на бесплатните концерти што актуелната власт им ги приредува на Македонија и на Македонците, за да ги одоброволи да си го променат Уставот и да го променат името Република Македонија во Северна.

Синоќа ја видовме поразителната слика за власта во 15 градови во државава. Погледнете го и видеото од прославата на Македонците во Воден, во денешна Грција.

Gepostet von Giorgos Kitkas am Samstag, 14. Juli 2018