Драмата што налето ќе биде прикажана пред лондонската публика во театарот „Вест енд“ е заснована на сексуалниот скандал во кој се најде амеирканскиот филмски могул Харви Вајнштајн кон крајот на 2017 година. Претставата го врати Џон Малкович на штиците што живот значат по три децении.

Премиерната изведба на претставата е планирано да се одржи во лондонскиот „Вест енд“ во јуни оваа година. Тоа ќе биде прва театарска улога на Малкович по 30 години.

Поднасловот на претставата „Горчлива пченица“ гласи „Холивуд е пеколна дупка“, а ја прикажува приказната за Барни Фајн, кој напаѓа од позиција на моќ. Авторот на текстот и режисер на претставата е драматургот Дејвид Мамет, добитник на Пулицерова награда.

Малкович ја опишал драмата како црна фарса за медиумскиот могул, кој се однесувал многу лошо.

„Секако дека претставата може да ги вознемири оние што поминале низ ситуации слични на оние што се прикажани во претставата. На многумина нема да им се допадне. Лично мислам дека се работи за одлично напишано парче“, објаснил Малкович.