Иранскиот главен град забрани шетање кучиња на јавни места, како дел од долгогодишна кампања на властите да се обесхрабрат сопствениците на кучињата.

Шефот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими изјави дека добиле одлука од Обвинителството на Техеран и дека ќе преземат мерки против луѓе кои шетаат кучиња на јавни места како и во паркови.

Тој додаде дека забраната е воведена бидејќи кучињата создаваат страв и нелагодност кај Иранците. Забрането е и возење куче во автомобил.

На чувањето кучиња како домашни миленици и шетање со нив на јавни места, не се гледа со добро око од Исламската револуција во Иран во 1979 година. Министерството за култура забрани медиумите да објавуваат реклами за домашни миленичиња или продукти за нив во 2010 година.