Министерот за образование, не одговори на прашањето на ТВ Телма, колку е збирот на аглите во затворен триаголник, во врска со скандалот со уште еден учебник за основното образование.

Но, во врска со грешката во учебникот по математика за шесто одделение каде тој збир е 190, наместо 180, како што објави на Фејсбук професорката од ОУ Корчагин , Фросина Митрушева, Шаќири кажа дека побарал од авторите на учебникот кои се универзитетски професори да му одговорат зошто е напрвена таа техничка грешка.

Шаќири апелира во иднина авторите на учебниците и резензентите повеќе да внимаваат кога пишуваат или прегледуваат учебници.