Повторно не почна расправата по двете точки на дневниот ред на деветта седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која денеска го имаше петтото продолжение.

Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза.

Според Лазаревска, како што објави Инфомакс, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа продолжуваат со работа.