На натпреварот меѓу Шкендија и Брера во рамките од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се случи скандалозен момент, домашните навивачи наместо да ја испочитуваат минутата молк, тие пееја песна од УЧК и свиреа.

Денеска се играат пет натпревари од најдобрата македонска фудбалска лига, пред почетокот на сите има минута молк за жртвите од големата несреќа во Кочани. На четири стадиони тоа беше достоинствено испочитувано, но во Тетово беше поинаку.

Додека играчите на Шкендија и Брера мирно стоеа и молчеа на знакот од судијата за минута молк, навивачите на тетовскиот тим пееја песна од УЧК и свиркаа.

Скандалозен однос на навивачите на Шкендија кои со односот кон една од најголемите трагедии во историјата на Македонија, покажаа дека немаат ниту грам човечност во нив.

Видео: Фејсбук страница на МакСпорт