Откако се појави видео од едно мало место кај Неапол, во кое се гледа како соседите се излезени на балконите и пеат во знак на солидарност, се појавија и други видеа од овој град, но и од повеќе други градови во Италија.

На едно од нив, исто така од Неапол, соседите пеат „La gente come noi non molla mai“, односно „Народ како нас, никогаш не се предава“.