Триото Заев-Дончев-Филипче продолжуваат да го деградираат здравствениот систем. Од новиот Клинички центар нема абер, а стариот се распаѓа, рече на денешната прес-конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога се распишуваше тендерот за новиот клинички центар во вредност од половина милијарда евра, предупредивме дека станува збор за најголемата кражба во независна Македонија. Помина месец дена откако трае и рокот за доставување понуди. Самите компании кои се заинтересирани, најдоа забелешки. Незавршен тендер и во истиот има и многу фалинки, замислете! Имено, една од заинтересираните фирми поднесе жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Оваа државна институција му вели на министерот за здравство, Венко Филипче, тендерот не чини, треба да се смени како што кажуваме. Заклучокот е дека тендерот и условите во тендерот ја ограничуваат конкуренцијата на пазарот. И веќе има и епилог. Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по службена должност согласно Законот за јавните набавки утврди постоење на битни повреди! Комисијата утврди дека делови од тендерската документација, не се во согласност со Законот и истата води до дискриминација на фирмите или ограничување на пазарна конкуренција, рече Николов.
Тој во продолжение на прес-конференцијата говореше за тендерите:
– И сега бидејќи се покажа дека министерството за здравство и министерот Филипче не сакаат да ги направат тендерите според правните норми, Државната комисија им објаснува што треба да направат. До 20-ти во месецов, се уште траат роковите за измени на фаличниот тендер, Филипче треба и да го промени, според сугестиите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Вакви дискриминации на компании во тендерска процедура не се појавуваат за прв пат во министерството за здравство. Исти вакви ограничувања или лимитирање на конкуренцијата имаше и кај тендерот за стерилизација. Оттука, Филипче мора да одговори дали ограничувањето на конкуренцијата му е начин на функционирање и начин на местење на тендер, односно истиот да го даде на компанија која тој ја преферира? Должни се да одговорат, дали со новиот Клинички центар, планираат да направат и нов МЕГА Глобал, но овој пат во Скопје? Филипче, должни сте за
многу одговори, заврши Николов.